Сезоната на делење новогодишни пакетчиња почна на големо, а во тој стил социјалните мрежи „Инстаграм“ и „Твитер“ беа преплавени со фотографии од деца што беа исплашени од Дедо Мраз.
;
Симпатичните фотографии на деца чии средби со Дедо Мраз беа обележани со солзи ги објавија на социјалните мрежи нивните родители со хаштаг #Santafail.
Најпознатиот дедо не им се допадна на голем број деца во светот кои врескајќи бегале од него.