(ФОТО) ГЛУПАВИ АМЕРИКАНЦИ – Пукаат во ураганот, да го исплашат, не знаејќи за ОПАСНОСТА!

Полицијата на Флорида издаде предупредување до граѓаните да не пукаат со оружје на ураганот. „Да разјасниме, немојте да пукате на ураганот Ирма. Нема да го исплашите, а последиците ќе бидат опасни“, напишале на Твитер откако на Фејсбук настана група на граѓани кои повикуваат на ваквата опасна работа.

Творците на Фејсбук ивентот, Рајан Едвардс и Зек Марфи, тврдат дека идејата настанала со комбинација на стрес и досада, но нивниот повик некои го имаат сватено сериозно, па полицијата мораше да реагира.

 

„Оваа реакција тотално ме изненади. Не ми падна ни на крај памет да оваа луда идеја стане толку голема“, изјави Едвардс за BBC, додавајќи дека целата работа излегла од негова контрола.

Тој настан влијаеше на многу слични, а еден од од нив на шега повика да против ураганот се борат со фрлање на пламен. И додека многумина шегата ја сватија за потреба, за истата во овие тешки моменти, се најдоа и некои од нив кои повикот го сфатија буквално.  Полицијата презема мерки на претпазливост и веднаш реагираше до граѓаните.