(Фото) Голман направи парада на 25 метри од голот

Ливерпул на најдобар можен начин го почна дербито против Њукасл со головите на Дарвин Нуњез и Коди Гакпо во Премиер лигата. Ама фудбалерите на тренерот Јирген Клоп добија дополнително олеснување од голманот на Њукасл Ник Поуп кој направи парада на 25 метри од голот.

Во обид да го сопре противничкиот фудбалер, голманот во 22-та минута направи непромислен потег и реагираше како да е во сопствениот шеснаесетник. Судијата одма му покажа црвен картон.

Scroll to Top