Милијадерот и основач на компаниите „Тесла“ и „Спејс икс“, Илон Маск, е познат по своите бизарни коментари на социјалните мрежи. Но, малку бил скептик кога му коментираat луѓе кои тврдат дека имаат видено вонземјани.
Маск на почетокот на неделата напишал на „Твитер“ дека Земјата не е рамна и дека на неа живее Donkey King, лик од популарна видеоигра. Неговиот пост станал инспирација за голем број фанови да го прашаат дали можеби тој е вонземјанин.
Неговиот твит предизвика низа комични реакции и мемиња. Фановите го прашуваа и дали тој и основачот на „Фејсбук“, Марк Цукенберг, доаѓаат од иста планета. Маск им одговори со три букви Obv кои алудираа на зборот очигледно и со тоа призна дека е вонземјанин.
На социјалните мрежи фановите се шегуваат дека Маск ќе стане Марсовец кога и само ако стигне на Марс, што му е една од целите поради која пред повеќе години ја основаше компанијата „Спејс Икс“, која, пак, разви возило кое може да пренесе луѓе на Црвената Планета.
Возилото може да лета, но има проблем со слетувањето и последните четири теста завршија неуспешно.