Граѓаните на Хрватска денес гласаат на претседателските избори, бирајќи меѓу 11 кандидати. На социјалните мрежи се појави фотографија од еден од кандидатите Колинда Грабар Китаровиќ, која изгледа како да е во дилема за кого да го даде својот глас. Таа зад параванот се држи за глава и размислува пред да го заокружи ливчето.
Колинда е еден од фаворитите за влез во вториот круг, заедно со Мирослав Шкоро и Зоран Милановиќ.