(Фото) Лос влегол да им се шета по дома па ги викнале пожарникарите на помош

By

Пожарникари на Алјаска добиле невообичаен повик за помош од Здружението за заштита на диви животни, кои побарале помош да го извадат лосот од куќата на едно семејство.

dobivaj vesti na viber

„Не побараа да им помогнеме околу извлекувањето на животното. Станува збор за едногодишен мажјак кој залутал во неделата утрото. Барал за јадење па се протнал низ прозорот и останал заробен во куќата. Изгледа се обидел да ги јаде билките засадени покрај прозорот во подрумот и пропаднал низ него“, рече шефот на пожарникарите за медиумите.

Несреќното животно останало заробено, а семејството одма побарало помош. Биолог од Одделението за риба и дивеч на Алјаска му дало седатив, но само за да го смири, а не да го успие.

„Само седеше и гледаше околу себе, не можеше да трча“, објаснија пожарникарите.

Животното тежео 225 килограми и било проблем да го извадат надвор. Импровизирајќи, спасувачите успеале со транспортна церада, која ја користат како носилка за луѓе, да го изнесат надвор. Биле потребни шестмина мажи да го изнесат надвор во дворот.

На фотографиите животното изгледа смирено, а шефот на противпожарната служба рече дека изгледал како кулира. Додека делувал седитивот, биолог му ги третирал потсекотините на нозете кои ги добил кога паднал низ прозорот. На крајот лосот стана и замина во дивината, рекоа пожарникарите.

 

 

Ќе ви се допадне