(Фото) Мајмуните во две зоолошки во Чешка комуницираат преку „Зум“

Слично како и луѓето периодов, и шимпанзата во две зоолошки градини во Чешка сѐ почесто се забавуваат со видеокомуникација во живо на интернет преку апликацијата „Зум“.

Поради недостиг на посетители и затворањето на знаменитостите поради пандемијата на коронавирусот, шимпанзата во „Сафари-паркот“ во месноста Двур Кралове и во Зоолошката градина во Брно може да се гледаат секој ден во живо на видеопроектор. Мајмунчињата, меѓу другото, покажале и поинакво, почовечко однесување, на пример, кога јаделе додека се гледаат на екраните.

„Најпрвин нивниот пристап кон екранот беше одбранбен и заканувачки, па тие не комуницираа толку добро со него. Но, полека го прифатија стилот ‘Јас сум во филм’ и ‘Гледам телевизија’“, вели Габриела Линхартова, одговорна за установата во Двур Кралове, 135 километри источно од Прага.

Видеоврските, кои се емитуваат и на интернет-страницата „Сафари-парк“, ќе одат секој ден од 8 до 16 часот сѐ до крајот на март кога одговорните ќе одлучат дали ќе продолжат со тоа.

 

Scroll to Top