Актерот сер Јан Мекелен во моментот снима филм каде што глуми бездомник. Во облеката од снимањето популарниот актер излегол да се напие кафе, а папараците го фотографирале како случајна минувачка му остава пари во шапаката.
Според магазинот „Форбс“, актерот познат по улогите на Магнето во серијалот „Х-мен“ и Гандолф во „Господарот на прстените“ поседува богатство од 55 милиони долари.