Хамлет, Омлет, Ибони и Ајвори се свињи од Јоркшир, Англија, кои биле дел од научно истражување.
Истражувањето опфаќало и тестирање дали свињите може да играат видеоигри. По завршеното тестирање, донеле заклучок дека овие животни се добри во видеоигри.
Во истражувањето учествувале експертите Кендис Круни и Сара Бојсен, а трудот бил објавен неделава.
Во рамките на истражувањето научниците првин ги научиле свињите како да користат џојстик со муцката, а потоа ги научиле како да го движат џојстикот за да ја играат видеоиграта на екранот пред нив. На крајот свињите, иако не го совладале совршено концептот, сепак успеале да научат да играат.
Секоја од свињите ги научила задачите подобро од очекуваното, а тоа покажува дека го разбираат движењето на џојстикот и неговата поврзаност со екранот.
Свињите биле наградени со храна за доброто играње, но реагирале и на вербалното охрабрување од страна на истражувачите.