На социјалните мрежи деновиве се појави наводна комуникација на „Вибер“ меѓу српскиот претседател, Александар Вучиќ, и рускиот претседател, Владимир Путин. Разговорот, кој многумина велат дека е исцениран, веќе кружи на социјалните мрежи.
Интересно е што на прашањата на Вучиќ дали Србија може да смета на Русија ако ескалира ситуацијата во Косово, Путин му враќа со стикери, од рака со мускул, па три бомби и на крај стикер што праќа бакнеж.