(Фото) Шокло или школо, битно сите букви се тука

Освен короната и земјотресот, новата грешка на работниците во Јавното претпријатие на улица и патишта е муабет плус на социјалните мрежи. Па така, дека има “школо“ се сваќа ако го напишеш и „шокло“, на скопската улица Џон Кенеди, во близина на училиштето „Васил Главинов“.

По грешката со патоказите на автопатите и табелите пред патарина, сега скопската улица стана  тема за потсмев на социјалните мрежи.

Сепак утринава почнаа да се споделуваат и фотографии од истата улица, па некои граѓани тврдат дека фотографиите од вчеравечер се фотошопирани, бидејќи денеска испишано е „школо“, а не „шокло“.

Scroll to Top