Активисти со маски со ликовите на светските лидери Доналд Трамп и Ким Јонг Ун приредија шоу низ улиците во Сеул. Преку овој настан активистите сакаа да ги илустрираат реалните севернокорејско – американски односи.
Двајцата активисти ја насмеаа собраната публика откако едниот од нив со ликот на Доналд Трамп со ногата ја шутна нуклеарната ракета, која во рацете ја држеше неговиот колега од Северна Кореја. Потоа и го нокаутираше.
На сцената се појави ѝ жена со гумен чекан која го удираше лажниот севернокорејски лидер. Доналд Трамп и Ким Јонг ун на 12 јуни се сретнаа во Сингапур. За време на историскиот самит, двајцата потпишаа заеднички документ со кој се обврзаа на денуклеаризација на Корејскиот полуостров.