(Фото) Твитерџиите го исмеваат Трамп за неговата вратоврска

Претседателот на САД, Доналд Трамп, стана предмет на потсмев на социјалната мрежа „Твитер“ поради неговата вратоврска. На „Твитер“ постои налог кој исклучиво се занимава со модните детали на Трамп.

На овој профил се објавени низа  фотографии од американскиот претседател на кои е фотошопиран. Неговите вратоврски се зголемени и издолжени.

На нив Трамп е со сопругата Меланија и кинескиот претседател Шју Џјипинг. Трамп вчера беше во посета на државата Луизијана, каде го пречека гувернерот Били Нунгесер, носејќи чорапи со ликот и косата на претседателот.

Scroll to Top