Во Црна Гора се појави бандера на која е напишан зборот четник, а набрзо потоа се покрена расправа на социјалните мрежи.
Всушност, станува збор за фирма која изработува бетон и бетонски производи „Четник ДОО“, од Ваљево.
Дискусијата почнала во неколку правци, а најинтересни се деловите: „Подобро четник да виси на неа“, „Зар моравме и бетон да увезуваме?“, „Четник е и презиме. Можеби така го добила името фирмата“, „Пропаѓа државата, тргнете го ова!“