Пред велигденските празници на социјалните мрежи се појави интересен статус, кој наводно го напишал претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
И да е лажен профил, сеедно, ова предизвика шеги и кометари. По неговото ветување дека ќе ја издржи секоја казна за луѓето во Србија да не живеат во казна, доби комплимет дека е Исус.
„Ќе поднесеме секоја казна. Јас ќе ја поднесам, немам поголема должност од тоа. Да ја примам секоја казна за Србија за луѓето што живеат во неа да не живеат во казна“, вели наводно Вучиќ. По ова, следуваа куп коментари и шеги, па дури и прашања од типот: „Исус Христос, дали си тоа ти?“