На фудбалскиот натпревар на жени меѓу Јордан и Иран бранел маж, пренесуваат светските медиуми. На мечот, кој се играл на 25 септември во рамките на квалификациите за Азискиот куп, на голот за Иран застанал да брани маж, обвинија од Јордан.
Тие во соопштението што го испратиле до Азиската фудбалска федерација побарале да се спроведе транспарентна и независна истрага со цел да се провери дали за Иран бранел маж.
„Со оглед на претставените докази од Јорданската фудбалска федерација и со оглед на важноста на натпреварувањето, ние бараме АФЦ (Азиската фудбалска федерација) да спроведе транспарентна и јасна исграга со помош на независни медицински експерти и да истражи дали играчот кој е во прашање можел да настапи, а истото тоа важи и за другите играчи, со оглед на фактот дека иранскиот фудбалски тим има историја на скандали со полот и допингот“, се вели во писмото.
Натпреварот во регуларните 90 минути завршил без голови, а во пенал-рулетот славел Иран со 4-2. Од фотографиите може лесно да се види дека за Иранките бранело машко лице иако тоа во прв план не било видливо бидејќи како и другите фудбалерки, и тој на теренот се појавил со хиџаб.