(Фото) Ѕвездата на Ливерпул се шета со скршен мобилен

Фудбалерот на англискиот фубдалски клуб Ливерпул, Садио Мане, е една од најплатените ѕвезди во клубот, но според многумина и најскромен. И покрај високата плата која ја зема во клубот, сепак, не му пречи да има скршен дисплеј на неговиот смартфон.

Медиумите пишуваат дека Нане има неделна заработка од 175.000 фунти, но за разлика од останатите ѕвезди во лигата, тој не ги троши на излегувања и скапи автомбили.

Вели дека сака фановите да го запаметат не само по головите кои ги дава, туку и по големите хумани дела.

„Зошто би возел ‘ферари’ или би носел дијамантски часовници? Тоа не ме прави среќен. Досега изградив училишта и стадион. Им обезбедувам облека, обувки и храна на луѓето кои живеат во екстремна сиромаштија. Знам колку може да биде тежок животот. И јас некогаш бев без образование и живеев во немаштија, но денес со мојата плата можам да помогнам на многу луѓе“, изјавил Мане.

Фудбалерот минатата година ги освои симпатиите на публиката и по мечот меѓу Ливерпул и Лестер. Тој бил виден како ги чисти тоалетите во неговата локална џамија.

Scroll to Top