Маж од Бад Телц, Германија често правел скара на својата тераса. Но, на соседите кои живееле над него им пречеле чадот и миризбата. Случајот заврши на суд, а процесот се одолговлекуваше неколку години, јавуваат германските медиуми.
На убаво време соседот речиси секој ден правел скара, велат обвинителите. Иако во употреба имал само една електрична скара, на соседите им пречел чадот кој влегувал во нивниот стан на вториот кат, па пензионерите се обратиле на суд. Парот сакал соседот да прави скара на тераса само пет пати годишно, а најмногу два пати месечно. Тогашниот судија дал предлог за спогодба: ограничете ја скарата на четири пати месечно и 20 пати годишно. Сепак, договорот пропаднал бидејќи обвинетиот не се изјаснил. Тогаш биле сослушани десет сведоци од здружението на сопственици на станови, пишува магазинот Феникс.
Но, ниту тоа не донесе резултати. Тужбата пропадна на суд.
Во февруари 2023 година, Окружниот суд во Минхен се занимаваше со спорот меѓу соседите. Повторно беа сослушани другите соседи и сведоци. Овој пат судот донесе одлука: обвинетиот смее да прави скара не повеќе од четири пати месечно на својата тераса на приземјето на станбената зграда. Покрај тоа, тој не смее да користи скара во два последователни викенд дена или две последователни недели или државни празници.
Доколку мажот не ги почитува упатствата на судот, се соочува со казна до 250.000 евра.