Гол маж синоќа го проби обезбедувањето на стадионот во Лондон и истрча на теренот, непосредно пред финалето на трката на 100 метри на Светското првенство во атлетика.
Голиот човек истрча 30-40 метри пред обезбедувањето да го фати и да го спроведе надвор од стадионот. Тој на гради имаше натпис: Мир + љубов.
Непосредно по инцидентот на патеката се појавија натпреварувачите на 100 метри, трка која беше последна во кариерата на Јусеин Болт.