Хрват синоќа добил 600.000 куни, околу 80.000 евра во извлекувањето на играта „Се или ништо“, на Хрватската лотарија. Добитното ливче во играта 11 или 0 го одиграл на нивната интернет страна. Оттаму велат дека одиграл три комбинации за 30 куни односно околу 4 евра.
Бил добитник затоа што не погодил ниту еден број во првата комбинација.