Хрват украл лименка пиво од продавница и доби 14 месеци затвор

Хрват ланаи во јуни од фрижидерот на продавницата во Донја Зелина пијан зел една лименка пиво „Ловенбрау“ од 0,5 литри во вредност од 7,79 куни и ја задржал за себе. Мажот се товари за кривично дело разбојништво, за што е осуден на 14 месеци затвор: шест месеци безусловна и осум месеци условна казна. Во пресудата се вели :

„ Откако ја зел лименката со пиво, ја поминал касата и се упатил кон излезната врата од продавницата и ја отворил. Потоа, додека си заминувал, вработена се обидела да го спречи,  дошла до него и му кажала дека не може да носи роба што не ја платил надвор од продавницата и дека ќе викне полиција. Тој пак, ја фатил жената за рамо и ја оттурнал, а таа изгубила рамнотежа и со подлактицата удрила во железната врата и се здобила со набиеници на двете подлактици. После тоа, без да го плати пивото, се оддалечил од продавницата“, се вели во пресудата.

Мажот пред судот се бранел велејќи дека „прво имал намера да го плати пивото, но бил многу пијан, па излегол надвор и седел таму додека не дошла полицијата, а се сеќава дека со раце ја оттурнал вработената во продавницата која инаку ја познава по видување“.

„Немав намера да бегам. Бев доста пијан, не ја турнав свесно вработената во продавницата, туку поради алкохолот. Инаку, јас не пијам шест дена во неделата бидејќи работам, пијам само во недела“, рече осудениот.

 

 

Scroll to Top