Индиски владин службеник испразнил брана за да го најде телефонот што му паднал додека правел селфи

Владин службеник во Индија испразнил брана за да го извади телефонот кој му паднал додека правел селфи. Потребни биле три дена за испумпување на милиони литри вода од браната. Кога бил пронајден, телефонот не работел оти бил премногу наполнет со вода.

Инспекторот за храна Раџеш Вишвас тврдел дека телефонот содржи чувствителни владини податоци и затоа требало да се најде.

Владиниот службеник е суспенцдиран и обвинет за злоупотреба на службена должност.

Вишвас изјавил дека телефонот од марката „самсунг“, вреден околу 1.200 долари, му паднал во браната Керката, во централната индиска држава Чатисгар, во неделата.

Пумпата за испумпување вода работела неколку дена, празнејќи околу два милиона литри вода – наводно доволно за наводнување на 6 квадратни километри (600 хектари) обработливо земјиште. Работата била прекината кога по добиена жалба пристигнал друг службеник од секторот за водни ресурси. Тој истакнал дека водата е суштински ресурс и не може да се троши на овој начин, па службеникот е суспендиран до истрагата.

Вишвас негира дека ја злоупотребил својата позиција и рече дека водата што ја исцедил е од преливниот дел на браната и не е во употреблива состојба.

Scroll to Top