Инфлуенсерка на свадба ги служела гостите само со зеленчук и таблети против надуеност

Канадската инфлуенсерка Сем Кутлер, на Тик ток сподели дека за време на свадбата гостите ги нудела со таблети против надуеност и зеленчук. Рече дека нејзината исхрана се базирала на здрав живот и здрава исхрана, а исклучок не направила ни за нејзината венчавка.

„Денот го започнав со големо смути од зеленчук, а потоа кумата ми даде малку од нејзината салата додека се подготвував“, рече Сем во видеото со наслов „Што јадев на денот на мојата свадба“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sam e Cutler (@thefitfatale)

Додека се подготвуваа заедно со кумот и деверушите, на девојките им беше послужена голема чинија со сиров зеленчук, а по прославата ги почестија со остриги и специјалитет од авокадо. Како предјадење на гостите им беше послужена салата со леб без глутен од страна.

После тоа сите пиеја коцка мраз со лимон, за да прочистување на телото. Сем исто така се погрижи на секоја маса да има специјални таблети против надуеност. Главното јадење беше лосос со зеленчук, а колачот беше без глутен, млеко и шеќер.

@thefitfatale WHAT I ATE ON MY #WEDDINGDAY as a #glutenfree & #dairyfree health focused #bride 🤍 #weddingtiktok #fitbride #healthyliving #wieiad #whatiate ♬ This Will Be (An Everlasting Love) – Natalie Cole

Што се однесува до алкохолот, се служеше специјален шампањ со два грама шеќер и Моет.

„Тоа беа единствените два пијалоци што прават да се чувствувам добро“, објасни Кутлер и додаде дека имале посебна трпеза со здрави слатки, а на крајот на вечерта послужиле тако.

Многумина во коментарите ја нападнаа и се шегуваа дека ако тие биле поканети на венчавката би нарачале храна од Мекдоналдс. Имаше и такви кои ја бранеа.

„Ова еНејзин ден е, што ви е на вас гајле со што ги служи“, напишале тие.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sam e Cutler (@thefitfatale)

Scroll to Top