Поп пејачот Јоце Панов мисли дека е Џанлука Ваки, откако објави стори за кое се шегуваат по социјалните мрежи. Демек тетоважи по цело тело за македонскиот пејач налик на 50 годишниот Џанлука Ваки кој дефинитивно е еден од најпопуларните ликови на Инстаграм на денешницата. „Јоце сака да е Ваки“, коментираат по социјалните мрежи.
Пензиониран од својата кариера во бизнисот сега прави бум по социјалните медиуми. Тој има повеќе од 11 милиони фанови на Инстаграм на кои секојдневно им го прикажува неговиот раскошен животен стил.
Деновиве беше на вакцина во Белград, каде прими Фајзер и каде беше главна вест по српските медиуми.