Како Црногорец тагува по татковината

На улиците често можат да се забележат автомобили кои на таблиците наместо бројки, имаат одредени зборови.

Тоа воглавно се некои луксузни лимуѕини, затоа што доколку сакате вашите таблици да се разликуваат, за тоа мора повеќе да платите.

На Фејсбук страницата Подгорички времеплов, објавена е фотографија од едно вакво возило. Во прашање е скапоцен автомобил мерцедес, на чии таблици пишува „Ц Гора“, додека над него стои Калифорнија.

Овој автомобил се разбира не е единствениот кој по своите таблици се издвојува од останатите, па така луѓето во коментарите шерувале уште неколку фотографии.

Сите автомобили се наоѓаат во Калифорнија, а нивните сопственици веројатно сакаат да истакнат од каде доаѓаат.

Scroll to Top