Канаѓанец првпат проба ќебапи и ајвар, а сарма јадеше со кинески стапчиња

Канадскиот блогер Гај Хобеик стекнал популарност со своите видеа во кои пробува храна од цел свет.

Така на ред дошле и ќебапите, сармата и ајварот којшто Гај ги нарекол „српска храна“.

„Мала држава во близина на Русија, мислам“, рекол тој на почеток на видеото. Првото нешто кое го пробал биле „српските ќебапи“ и лепче.

„Одличен вкус. 8/10“, рекол тој, а потоа пробал погача со мајонез.

„Занемарете, ова е некој вид на јогурт и вкусно е. 7/10“, изјавил.

 

Потоа на ред дошла сармата која ја јадел со кинески стапчиња. Пробал и од ајварот којшто според него имал вкус на кечап, а особено му се допаднала урнебес салатата која ја оценил со 9-ка.

Видеото добило над 700 илјади коментари, но на многумина не им се допаднало очигледно непознавањето на храната и нејзиното потекло.

„Малку познавање на географија не би ти било лошо“, „А, да направиш истражување пред да снимаш видео. Поблиску ѝ е Америка на Русија отколку Србија“, „Во близина на Русија… Ни близу“, „Дали тој кајмакот го нарече мајонез?“, „Русија?“, „Сарма со кинески стапчиња…“, „Не се јаде сарма така…“, биле само дел од коментарите.

Гај на ТикТок го следат над милион луѓе, а до сега пробал храна од Франција, Белгија, Мексико, Бразил и бројни други земји од светот.

Scroll to Top