Ловец го застрелал брат му мислејќи дека е елен

Ловец од американскиот град Мичиген, случајно го застрелал својот брат додека биле на лов на елени. Двајцата биле на лов на подрачјето Бостон Тауншип, на 200 километри северозападно од Детроит. Велат дека барале елен кој претходно го забележале, пишува „Си-Ен-Ен“.

Околу 17:30 часот по локално време, двајцата се разделиле во густото поле со пченка. Едниот брат му се причинило како да видел елен и почнал да пука, не помислувајќи дека тоа би можело да биде неговиот брат.

Повредениот веднаш бил префрлен со хеликоптер во болница во Гранд Рапидс. Иако се здобил со тешка повреда, сепак лекарите успеале да го стабилизираат.

Истражителите велат дека двајцата соработувало во целост и дека немаат никакви сомненија дека станува збор за несреќен случај.

Scroll to Top