Патник се соблекол гол и мастурбирал на лет од Малезија до Бангладеш. Сликите од врзаниот маж, за кого било утврдено дека студира во Малезија, се појавија на социјалните мрежи.
Дваесетгодишниот патник се возбудил по полетувањето од Куала Лумпур, откако почнал да гледа порно филмови веднаш по влегувањето во авионот. Потоа, на пат кон тоалетот нападнал стјуардеса и ги вознемирувал останатите патници, па членовите на екипажот морале да го заврзат.
Авиокомпанијата „Малиндо ер“ соопштила дека имало инцидент со патник, но дека екипажот реагирал според стандардната процедура. По слетувањето, обезбедувањето го спровело во полициска станица.