Министерката за земјоделство на Србија се замота во колбаси

Министерката за земјоделство во Србија, Јелена Танасковиќ, ја отвори манифестацијата „Колбасијада“ во селото Турија и позираше со колбаси завиткани околу вратот.

Јелена е надлежна за Министерството за земјоделство, шумарство и управување со вода, а пред тоа била вработена во Министерството за финансии и во Министерството за животна средина.

На Твитер се појави фотографија од министерката, а како опис корисникот напишал „министерката за земјоделство на Србија ја отвори Колбасијадата во Турија, со што замотала во колбасици околу врат. Боже чувај ме, Србија е полна лудаци, кои ја водат уште поголеми лудаци“.

Овој настан е најдолгата традиција во општината Србобран и се одржува секоја година од 1985 година. На оваа манифестација била направена и избрана  најдолгата колбасица кој влегла во Гинисовата книга и изнесува 2039 метри.

Scroll to Top