Младоженец толку се опил, што на свадбата ја признал врската со деверицата

Венчавките би требало да бидат весели, без многи драми, особено без никакви скандали и проблеми, но не секогаш минува онака како што имаме замислено. На една страница на „Фејсбук“ луѓето ги раскажуваат најлошите моменти на кои биле сведоци.

Една жена раскажала дека на свадбата на нејзината братучетка младоженецот толку се опил што прво почнал да ги бакнува девојките, а потоа признал неверството со една од девериците.

„Беше тоа на венчавката на една моја братучетка. Младоженецот толку се опи, што прво се обиде да ме бакне мене, па потоа братучетка ми, па на крај деверицата. Потоа поврати во дворот на хотелот, а на сите им објави дека со месеци бил во врска со деверицата. Мојата братучетка ги побара документите за развод уште пред да се развијат фотографиите“, раскажува таа.

Scroll to Top