Момче на оглас бара девојка да ја носи на Канарски Острови

На социјалните мрежи се појави интересен оглас во кој момче си бара придружничка за да ја носи на одмор на Канарските Острови.

Причината за тоа е од инает на „бившата“ девојка. Вели дека за одморот ќе плател сè, целиот аранжман, од авионски билет до пансион и 400 евра џепарлак.

Вмровките не ги сакал оти не сакал на одморот патриотски муабети, а најдобро би било девојките што ќе се пријават да бидат од Прилеп и Битола. Сеедно дали огласов е пуштен како шега, сепак ги собра симпатиите на следбениците на „Фејсбук“.

Scroll to Top