Нов тип на водоземец го доби името по Доналд Трамп

Првиот човек на компанијата EnviroBulid, Ејдан Бел, вели дека на новооткриениот водоземец Dermophis donaldtrumpi му го дал името по Доналд Трамп, поради една нивна заедничка карактеристика.

Бел вели дека ѝ двајцата ја бутаат главата во песок. За водоземецот Бејл вели дека е познат по тоа што ја става главата во песокот, а Трамп тоа го прави по прашањето за политиката на климатските промени.

Новиот вид водоземец е откриен во Панама, а привелегијата Бејл да го именува, ја чинела неговата компанија 25.000 долари. Целта била да се сврти вниманието на јавноста кон климатските промени.

Бејл вели дека откриениот организам особено е подложен на влијанието на климатските промени и дека е во опасност да изумре поради политиката на Трамп која ја води во однос на ова прашање.

Малото, слепо суштество е тип на водоземец кој воглавно живее под земја, а Бел вели дека ја открил заедничката црта во неговото однесување и однесувањето на Доналд Трамп.

„Трамп, кога несака да слуша за научниот консензус за климатските промени, ја става главата во песок“, смета Бел.

 

 

Scroll to Top