Нов тренд – копита како чизми

Чизмите во вид на копита сѐ повеќе се носат во светот. Овие чизми се исклучително неудобни и во нив не може да се оди нормално. Дури и при одењето тие испуштаат звук на тропот на копита толку гласен што не можете да не ги забележите. Ги има во разни облици – лакирани, влакнести, а некои се дури и со дезен на зебра.

Мислењата за чизмите се поделени, на повеќемина не им се допаѓаат, но има и такви што сметаат дека се одличен начин за привлекување внимание.

Scroll to Top