Германската канцеларка во заминување, Ангела Меркел, го посети паркот за птици во Марлоу, во нејзината поранешна изборна единица Грајфсвалд, а болниот израз на нејзиното лице го обиколи целиот свет.
Меркел позира пред фоторепортерите додека ги хранеше папагалите, еден од нив ѝ застанаа и на главата, а друг ја гризна за раката.
Од страв таа не сакала повеќе да им се доближи на птиците, па кога ѝ било понудено да погали ут, одбила. „Мислам дека бев доволно добра со помалите птици“, рече Меркел.