Патлиџан-турист: Врз „поршето“ од 200.000 евра ставил шатор и тргнал на патување

Приказните за туристите со домати ова лето се поактуелни од вообичаено, па дури и оние побогатите носат храна од дома. Фотографија од „порше“, вредно околу 200.000 евра и врз него шатор стана хит на социјалните мрежи. Особено на Твитер, така и на фејсбук-страницата „Live from Greece“.

„Како се вели на германски: ‘Патлиџан турист со Порше?’“, „Ма тоа е некој наш, гастербајтер“, „Или се плаши од лавови, или се плаши некој да не му го украде Поршето“, „Ова се вели: луѓе кои знаат да уживаат. Наредната година и јас ќе одам вака“, „Рецесијата пристигна“, се само дел од коментарите.

Scroll to Top