Пациент на психијатрија си организирал журки во болницата

Пациентот Нгујен Џуан Куј од Виетнам, во психајтриската установа во Ханој, каде бил сместен си организирал журки, пренесуваат светските медиуми. Во болницата носел проституки, а продавал и дрога. Болничката соба каде бил сместен му била опремена со светла и макс маса за диџеи.

Кога полицијата упаднала, открила дека просторијата била напраена за забави. Била звучно изолирана, осветлена, имала пултови за мешање диџеи и големи звучници. Сексуалните работнички повремено доаѓале на забавите, а присуствувале и пациенти и дел од персоналот.

Куј забавите ги правел благодарение на поранешниот шеф на болничкиот оддел, До Ти Луу кој успеал да го подмити. До заработувала 10 милиони VND, односно околу 428 евра. Иако негирала дека била вмешана била осудена на три години затвор за злоупотреба на службената положба.

По скандалот бил отпуштен директорот на болницата Вуонг Ван Тин, а две медицински сестри и еден болнички техничар биле осудени на затворски казни.

Куј дрогата им ја продавал на зависници кои закрепнувале во болницата, а кои потоа ја продавале на луѓе надвор од болницата. Иако имал историја на ментална болест, судот утврдил дека тоа не е причина за постапките и пресудил дека тој ќе мора да одговара за своите постапки.

Заедно со еден од своите соучесници биле осудени на смрт, бидејќи управувале со мрежа за продажба на лекови болницата.

 

 

 

Scroll to Top