Пијана Германка го промашила станот и си легнала во туѓ кревет, па реагирала полицијата

Жител на Трир во Германија имал несекојдневен проблем поради кој морало да повика полиција. Во неговиот стан влегла непозната жена во алкохолизирана состојба, а бидејќи не можел да се ослободи од неа, решил да побара помош.

Жената заѕвонила на врата, човекот отворил и неповиканата гостинка без збор влегла во станот и си легната на креветот во спланата соба како да си е дома.

Жената била толку пијана што не знаела каде се наоѓа, а откако пријателските обиди за исфрлање на гостинката не успеале, човекот немал избор и повикал полиција.

За невообичаената случка информирала и трирската полиција.

Scroll to Top