Двајца Американци преноќиле на Ајфеловата кула, откако претходно останале заглавени. Биле пронајдени од обезбедувањето рано утрото, а од обвинивелството рекоа дека биле пијани.
Прво платиле за да се качат околу 22:40 часот во неделата, а додека се симнувале прескокнале некои од заштитните огради. Ги нашле меѓу второто и третото ниво на кулата, на место кое е затворено за јавност.
„Веројатно останале заглавени зашто биле пијани“, рекоа службите од парискиот обвинител.
Пристигнал и посебен пожарникарски оддел за спасување на височини за да ги извлечат. Поради нив отворањето на кулата било поместено од вообичаените девет часот.
„Тие не претставуваа никаква закана, но против нив сепак ќе биде поднесена кривична тужба“, рече операторот на Ајфеловата кула, „Сете“.