Пилоти се тепаa за време на лет

Двајца пилоти на „Ер Франс“ се степале во кабината за време на летот Женева-Париз, пренесоа светските медиуми. Инцидентот се случил во јуни, а двајцата пилоти се суспенридани, рече во неделата официјален претставник на „Ер Франс“.

И покрај тепачката, авионот безбедно слетал. Двајцата пилоти се скарале одма по полетувањето. Едниот го фатил за јаката, а другиот го удрил. Морал да интервенира и еден од членовите во екипажот, кој до крајот на летот морал да остане во кабината за да не настане повторно тепачка.

Веста за инцидентот стигна откако француската агенција за истрага на воздухопловни несреќи „БЕА“ објави дека некои пилоти на „Ер Франс“, не се дисциплинирани кога станува збор за следењето на процедурите за време на безбедносните инциденти.

Од таму го споменале и инцидентот од декември 2020 година, кога еден од авионите кои летале од Бразавил, Република Конго, до Париз, останал без гориво. Пилотите морале да ја сменат и рутата, за да слетаат побрзо. На крајот слетале безбедно во Чад.

Сепак од БЕА предупредиле дека било многу веројатно моторот да се запали. Од „Ер Франс“, рекоа дека работат на расветлување на случајот. Синдикатите на пилотите на „Ер Франс“ истакнаа дека безбедноста е приоритет за сите пилоти и ги бранеа постапките на пилотите.

Scroll to Top