Наставник по музика во Јужна Дакота направил колачиња со канабис и си легнал, но мајка му ја видела тепсијата и ја однела во центарот за стари лица, каде што често игра карти. Колачите им се допаднале на сите, а потоа почнале и проблемите.
„Здраво, полиција, не се чувствувам добро. Гледам некои чудни работи“, пристигнал првиот повик во полициската станица во малиот град Јанктон.
„Нешто чудно ми се случува. Ха-ха“, набргу им се јавил на полицијата и друг постар глас по што телефонот почнал постојано да ѕвони, а сите што се јавиле ги опишале истите симптоми: срцебиење, халуцинации, а на некои сето тоа им било смешно. Други пријавиле дека се отруени.
Полицијата почнала истрага и набргу сфатиле што се случило. Утрото заминале кај госпоѓата што ги донела колачињата за забавата. Таа им ги дала остатоците од колачињата и им рекла дека ги направил син ѝ. Тие заминале кај него на работа во локалното основно училиште, објавија американските медиуми.
„Направив колачи со масло што го донесов од Колорадо. Не знаев дека мајка ми ги зела, спиев кога излезе од дома“, се бранел наставникот, но полицијата решила да го казни.
„Му се заканува затворска казна до пет години и глоба од 10.000 долари“, соопштил локалниот медиумски обвинител, пренесува „Ен-би-си њуз“.
Сите што ги вкусиле колачињата закрепнале, некои од нив дури се шегувале дека еднаш годишно добро ќе им дојде нешто слично.