Полицаец ја прекина потерата, зошто колата му остана без струја

Полицаецот Џеси Хартман од САД ја прекинал потерата на автопат во Филаделфија, затоа што неговото електрично возило од брендот „Тесла“ останало без струја.

Бркотницата се случила на автопат во градот Фремонт, каде е главната фабрика на компанијата за електрични автомобили. Бегалецот успеал да побегне во непознат правец, а Хартман немал доволно енергија да стигне до станицата.

Пред да застане среде автопатот, тој побарал помош од колегите. Неговиот наредник подоцна застанал во негова одбрана, објаснувајќи дека со автомобилот сè било во ред и дека станувало збор за човечка грешка.  Хартман ги обвинил колегите и кажал дека му предале автомобил со испразнет акумулатор.

Хартман морал да го наполни акумулаторот на попатна станица каде има можност да се полнат автомобили на струја. Од полицијата велат дека моделот S на „Тесла“ автомобилите e еден од подобрите кои ги имаат. Наредникот објаснува дека ако редовно се полнат во текот на вечерта, има доволно енергија за 11 часа.

По неколку часа полицијата го нашла возилото и на бегалецот.

Scroll to Top