Поранешен британски министер по грешка ги изел бисквитите за кучиња на прием кај кралицата Елизабета

Поранешниот британски министер за здравство Алан Џонсон по грешка јадел од бисквитите за кучињата на кралицата Елизабета Втора за време на ручек во замокот Виндзор во 2008 година. Ова го открива „Кралица на нашето време“, новата книга на кралскиот биограф Роберт Хардман.

Кралицата во тоа време одржала состанок со Џонсон и велшкиот министер Пол Марфи, па ги поканила двајцата политичари да ручаат со неа. Гостите уживале во пријатниот разговор и во оброкот, но дури потоа Алан сфати дека јадел од десертите поставени за кучињата на кралицата од расата корги.

Биографот Хардман во својата нова книга пишува: „Двајцата министри заминаа расположени. Чекавме да ги донесат автомобилите и Пол рече: ‘Какво прекрасно јадење’. Алан дополни: ‘И мене ми се допадна, уживав цело време’“.

„Додека разговараа за храната, Џонсон спомна дека особено уживал во сирењето и необичните темни бисквити. Пол тогаш извика: ‘Не, темните бисквити беа за коргите!’“

„Во тој момент Алан Џонсон сфати дека јадел грицки за кучиња. ‘Мислам дека претходно не сум јадел сирење со бисквит ‘бонио”, рече тој“.

Scroll to Top