Порно глумецот Карло Бос сака да се жени па бара чаре кај Иван Исцелител

Иван Исцелител откри дека му помага на македонскиот порноглумецот Гоце Гиновски, познат како Карло Бос, да се ожени. Тој објави слика на Инстаграм и напиша дека Карло Бос, дошол на терапија за да најдат чаре за женидба. На фотката не останаа рамнодушни ни следбениците на Иван. Едни им посакаа успех за Гоце што побрзо да си најде жена, а други го искараа Ивана што му помага, оти, велат, снимањето порно филмови било ѓаволска работа, а Исцелител секогаш велел дека со божји закон е забрането да им се помага на луѓето што се на страната на ѓаволот.

Scroll to Top