Принцот Вилијам стана хит на Тик-ток откако се дружеше со девојче во училиште

Принцот Вилијам стана хит на Тик-ток за време на посетата на едно училиште во Британија. Додека се дружеше со едно од девојчињата сите забележаа како се смее и коментираа дека бил симпатичен и ги потсетил на кралицата Елизабета.

„Кој можеше да знае дека принцот Вилијам се смее вака. Ова ми е омилениот звук. Ме потсетува на кралицата Елизабета. Таа исто така се смееше“, коментираа фановите.

Вилијам и Кејт Мидлтон неколкупати досега покажаа дека знаат да бидат опуштени и едноставни за време на нивните официјални патувања и настани. Тие секогаш се дружат со луѓето околу нив и затоа многумина ги сметаат за омилени во кралското семејство.