Се истроши пенисот на статуата на Кристијано Роналдо оти туристите го фаќаат за сликање

Статуата на Кристијано Роналдо поставена во Мадеира, Португалија е истрошена, особено околу пенисот, пишува „Сан“. Според познатиот весник, туристите често се сликаат со рацете преку пенисот на статуата, а некои ја грабнуваат или ја тријат.

Бронзената статуа на Роналдо беше откриена уште во 2014 година, а делот околу неговиот пенис стана сјаен и посветол од остатокот, поради бројот на луѓе што ја допираа низ годините.

„Само сакав да испратам негова слика до моето семејство. Но, штом ја ставив во семејната група на Ватсап, сите почнаа да се смеат. Не можеа да не ја забележат добро испакнатата површина меѓу неговите нозе,“ рекол турист за „Сан“.

Ова е една од многуте статуи на напаѓачот на Манчестер Јунајтед кои се поставени низ годините. Но, повеќето од нив се згрешени и не личат на Роналдо.

Scroll to Top