Се расипаа банкоматите во Ирска, луѓето подигаа и по 1000 евра и со нула салдо на нивните сметки

Банката на Ирска се соочи со криза откако многу нејзини клиенти се собраа на банкоматите обидувајќи се да го искористат компјутерски дефект. Илјадници луѓе се наредија пред филијалите за да подигнат пари што ги немаат на сметките. Во некои случаи, грешка во онлајн апликацијата им дозволуваше на луѓето без пари на нивната сметка да префрлат до 1.000 евра.

Дејли Мејл објави дека банката ги известила клиентите во раните попладневни часови дека има проблем со нејзината онлајн апликација за лично банкарство и веб-страница, откако претходно била преплавена со поплаки од клиенти.

 

До вечерта, клиентите на банките открија дека можат да подигнат готовина од банкомати иако имаат малку пари на нивните сметки. На властите им беше наложено да ги исчистат редиците надвор од банкоматите додека луѓето стоеја обидувајќи се да ја искористат грешката.

Откако веста се рашири на социјалните мрежи, избезуменото повлекување готовина продолжи во Даблин, Лимерик и Наван. Полицијата се обидуваше да ги запре, а граѓаните беа предупредени дека не постои бесплатна готовина и дека сите пари ќе мора да се вратат.

 

Scroll to Top