Скопје е дијагноза, рече Мирко Попов на митинг и како хардкор скопјанец го раздрма твитер

By

Откако музичарот Мирко Попов одржа говор на митинг на СДСМ за да го поддржи Петре Шилегов на изборите, па Скопје го нарече дијагноза, а самиот се пофали и дека бил хардкор скопјанец каков што бараат од партијата, забавата се префрли на Твитер. Од тоа дека одамна немало ваков стенд-даун говор, до разочарување што на никој не му текна да направи рап-хит од изјавата на Мирко „Скопје е дијагноза“, оти, велат, тоа ќе му биде најпродаваниот хит во кариерата.

Редакцијата на „Репортер“ избра некои од најзабавните твитови.

Ќе ви се допадне