Со помош на секс-играчка во задникот го победил светскиот шампион во шах

Деветнаесетгодишниот Ханс Ниман од САД го победил светскиот шампион во шах, Норвежанецот Магнус Карлсен, благодарение на знаците што ги добивал од секс-играчката во својот задник.

Ниман бргу се пробил на турнирот и стигнал да игра со светскиот шампион, а потоа за многу кратко време успеал и да го победи. Карлсен по само една минута станал ѝ го напуштил мечот.

Карлсен го обвини Ниман дека мамел со помош на анални топки, а сега истрагата покажала дека тоа е точно. По детаљните прегледи на партијата, излезе извештајот од 72 страници, кој го објави chess.com. Се покажало дека Ниман мамел на повеќе од 100 меча што ги играл онлајн.

Станува збор и за мечевите од турнирите што ги играл за парична награда.

„Знам дека моите потези се фрустрирачки за многумина во шаховската заедница. Јас исто така сум фрустриран затоа што сакам да играм шах и сакам да играм на највисоко ниво на најголемите турнири. Верувам дека измамите во шах се голем проблем и закана за играта. Сега успеав да се осврнам на моите постапки и тие јасно ми кажуваат дека повеќе нема да играм шах со Ниман. Се надевам дека вистината ќе излезе на виделина, каква и да е“, рече Карлсен по турнирот.

Ниман на обвинувањата на Карлсен рече дека ако треба, подготвен е и да се соблече за да докаже дека не направил ништо лошо. Претходно, беше утврдено дека компјутерите му помогнале во најмалку два наврата. Еднаш кога имал 12, а вториот пат на 16 години.

Сепак, новата анализа покажала дека Ниман мамел на последните натпревари и тоа е утврдено така што неговите потези премногу се совпаѓале со потезите што би ги предложиле разни суперкомпјутери.

Карлсен јавно побара објаснување за тоа како може со толку малку труд да успее да ги предвиди неговите потези, но кога не добил задоволително објаснување, станал и си заминал од турнирот на кој играл. FIDE не се согласи со оваа одлука и поведе истрага против Нима, која сè уште трае.

Исто така, на самата страница chess.com утврдено е дека за три месеци Ниман успеал да направи чекор, кој статистички е неверојатен. За начинот на кој точно мамел, сè уште нема објаснување.

Односно, не е утврдено дали се точни обвинувањата на Карлсен за тоа дека Ниман користел анални топки за да добие сигнали за наредните потези.

Но, дополнителен сомнеж на целиот случај фрла и тоа што тренерот на Ниман е Максим Длуги, човек што веќе неколкупати е осуден за мамење на мечевите.

 

Scroll to Top