Андрија Милошевиќ дефинитивно секогаш му успева да ги насмее своите обожаватели, па и не чуди што сите нестрпливо ги чекаат неговите нови објави на социјалните мрежи.
Овој пат позираше во шарени пиџами, кои беа усогласени со улогата во урнебесен скеч „Мамини синови“, но со „потемнето“ лице.
Се разбира, фризурата која е препознатлива беше на место, а се чини дека само на Андрија му стои онака како што треба.
Очекувано, вриеше од коментари, а фановите на актерот едногласно се согласија во тоа дека тој повторно ги насмеал до солзи!