(Видео) 102-годишник направи свадба на улица за да докаже дека е жив

Дули Чанд, жител на Индија, бил прогласен за мртов во весниците од страна на властите пред шест месеци и престанал да ја добива својата пензија.

Овој 102-годишен жител оттогаш се обидувал да им докаже на властите дека е жив, но безуспешно. Затоа, минатата недела организирал свадбена прослава на улиците на својот град за да докаже дека е жив.

Чанд е фармер кој има семејство со 70 члена, вклучувајќи ги и неговите шест деца. Неговата сопруга починала пред 15 години. Тој последно ја зел својата пензија на 2 март, а на 15 април бил прогласен за мртов во весниците.

– Оттогаш трчам од една владина канцеларија до друга за да докажам дека сум жив, но никој не ме слуша. Ги имам сите документи со мене, но не знам зошто престанав да ја добивам пензијата , вели тој и додава дека познава и други постари лица што се соочуваат со истиот проблем.

Затоа, за да докаже дека е жив, тој организирал свадбена поворка на улиците на градот Рохтак и бил облечен како младоженец. Носел знак на кој пишува дека тој е жив на 102-годишна возраст. Со него биле членовите на неговото семејство и пријатели.

Scroll to Top